Финансиска полиција поднесе кривична пријава до ЈО против физички лица за злоупотреба на европски средства
Управата за финансиска полиција до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против пет физички лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 и измама на штета на средствата на Европската заедница по член 249-а и Несовесно работење во служба по член 353-в и против едно правно лице – деловна банка поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Измама на средства на Европската заедница по член 249-а став од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
-Пријавените физички лица спротивно на кредитната политика, без знаење на кредитобарателите, со намера да ги искористат средствата кои потекнуваат од кредитната линија наменета за зголемување на енергетската ефикасност во Република Северна Македонија и намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на CO2 обезбедена од GGF, Green for Growth Fund основан како јавно – приватно партнерство од страна на Развојната банка KfW на Германија и Европскиот инвестициски фонд, во прилог на поднесените барања за одобрување на еко кредити изготвиле и приложиле про-фактури со невистинита содржина, како кредитобарателите да вршат набавка на демит фасада од правно лице од Битола, иако знаеле дека паричните средства ќе бидат искористени за лични цели на кредитобарателите, а потоа врз основа на решенија за одобрување на кредитни барања биле склучени 36 договори за еко кредити, на кој начин биле исплатени девизни средства во вкупен износ од 15.449.023 денари, стои во соопштението на Финансиската полиција.
Ново на Сител
-
МНР отповика 9 амбасадори назначени од Пендаровски
-
Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела
-
Во тешката сообраќајка кај Прилеп загина 75-годишник
-
На Шар Планина спасен чешки повреден планинар
-
Утре во Грција 345 протести на 243 различни локации
-
Приведен поранешниот директор на затворот во Шутка
-
14-годишни деца ги испраќале лажните дојави за бомби во училиштата, МВР со детали
-
Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо