Бизнис
26. August 2015 - 20:18

Финансиска поддршка за 40 бизнис планови за млади невработени во Прилеп

Четириесет невработени лица, на возраст од 18 до 35 години, од Пелагонсикиот регион, кои имаат свои бизнис- идеи, или започнат бизнис не подолго од три години,  а потребна им е соодветна помош, од денеска можат да станат дел од проектот “Моја идеја – Mој бизнис”, кој за прв пат во земјава, ќе биде финасиран од компанијата -“Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп”. Проектот се спроведува на иницијатива на “САИД Македонија” и ќе се реализира во следните шест месеци.
 
Целта на прокетот е да го поддржи претприемачкиот дух и да генерира свежи бизнис-идеи од младите невработени лица. За петте најдобри идеи, обезбедени се по 2000 американски долари, како и награди од по 500 долари за студентите за започнување бизнис или за покривање на трошоци за едукација. Аплицирањето е до 21 септември.