„Finance Think“: Менторството и обуките ги зголемуваат шансите за вработување на ранливите категории
Обука за меки вештини, менторство од страна на вработените во центрите за социјални работи и Агенцијата за вработување и вклучување во пракса, во голема мерка ја зголемуваат мотивираноста, но и можностите за вработување на лицата од социјално ранливите категории, покажала реализацијата на пилот програматата што „Finance Think“ во изминатитео 20 месеци ја спроведувал со центарот за детска и семејна заштиота КМОП од Атина.
- Пилот програмата имаше за цел да поттикне мотивација на лицата од си, нивно работување и приближување на пзарот на труд. Таа вклучуваше неколку мерки, како обука за меки вештини, менторство од страна на Центрите за социјална работа и АВРМ и вклучувње во пракса или потецијално вработување. Во неа беа вклучени 120 лица. за 20 од нив беше обезбедено менторство, 15 беа воведени во пракса, рече Благица Петрески од „Finance Think“.
Програмата, додаде таа, требало да покаже кои се краткорочните ефекти врз мотивацијата и подготвеноста на лицата од социјално ранливите категории и можностите тие да бидат вклучени на пазарот на труд.
Според Петрески, резултатите покажале дека менторството ја поттикнува желбата за вработување кај овие лица за 0,68 проценти на скала 1 до 5 , а обуката ги зголемува шансите за нивно бработување.
Џорџ Алексопулус од КМОП истакна дека со програмата се таргетира една посебна тема која цели да им помогне на ранливите групи невработени, особено во една ваква економска ситуација.
- Се надеваме дека на ваков начин ќе им помогнеме и на институциите, особено на центрите за социјална работа и Агенцијата за варботување да ги развијат своите капацитети за да им помогнат на овие ранливи категории, истакна Алексопулос.
Тој изрази и надеж дека ова нема да биде изолиран и осамен напор, туку дека ќе следуваат проекти и програми кои ќе ја таргетираат истата група.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица