Loading Video...
Кошарка
18. May 2018 - 14:01

Финалистите Работнички и МЗТ Скопје посакуваат финалето да биде празник на кошарката

Екипите на Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, се подготвени за претстојното финале во кошаркарскиот шампионат на Македонија. 
 
Од двата табори посочуваат дека во финалето нема фаворит иако тимот од Градски парк сезонава имаше само два порази. 
 
„Очекувам спектакл, а се надевам дека ќе биде на највисоко ниво и на крај нека победи подобриот, изјави тренерот на Работнички, Марин Докузовски.
 
Слични беа размислувањата и на неговиот колега од клупата на „металците“.
 
„Секогаш кога играат Работнички и МЗТ средбите постои посебен интерес и верувам дека и ова финале ќе биде такво. Се надевам дека ќе видиме спортско навивање и дека сите ќе уживаат во мајсториите на паркетот“, изјави Ѓорѓи Кочов.
 
Сите се едногласни и посакуваат финалето да биде празник за кошарката, да мине во фер и коретна борба и навивање од трибините, а на крајот подобриот да победи. 
 
Финалната серија подобар стартува во недела во салата Градски парк.