Тенис
27. April 2019 - 19:17

Финалето во Барселона без Надал

Русинот Данил Медведев  и  Доминик Тим од Австрија ќе играат во финалето на турнирот во Барселона по денешните полуфинални пресметки.

                Медведев успеа со 2-1 во сетови да го совлада Јапонецот  Кеј Нишикори а вистинска сензација предизвика  Доминик Тим кој лесно во два сета го совлада првиот фаворит на турнирот Рафаел Надал кој остана без финале во својата Шпанија.  Надал загуби со 6-4 и 6-4 без освоен сет.