Тенис
28. October 2017 - 13:30

Финале за Возниацки во Сингапур

Поранешната тенисерка број 1 во светот Каролине Возниацки сега шесторангирана е првата финалистка на „ВТА финалето“ што се игра во Сингапур за награден фонд од 7 милиони долари. Ова за неа ќе биде второ финале на завршниот турнир, а во првото загуби од Ким Клајстерс во 2010 година.
Таа во првото полуфинале ја совлада Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 во сетови. Мечот траеше еден час и 56 минути. Првиот сет по голема борба во тај брекот со 7:6 во гемови и 11:9 на поени го доби Возниацки, додека во вториот сет беше 6:3 во гемови.
Во второто полуфинале ќе играат Венус Вилијамс и Каролине Гарсија.