Кошарка
6. јуни 2017 - 10:18

Финале за младите кошаркари на Вардар и на Работнички (М-18)

Младите кошаркари на Работнички и на Вардар ќе играат во јуниорското финале. Во полуфиналните натпревари на завршниот „Ф4“ турнир за играчи до 18 години кој се одржува во СРЦ „Кале“, екипите на Работнички и Вардар беа подобри од МЗТ Скопје Аеродром и Шкупи.
 
Во првиот полуфинален меч, Работнички го совлада градскиот ривал МЗТ Скопје со 95:60. Во второто полуфинале, Вардар го победи Шкупи со 88-80. 
 
Денеска од 17:30 часот МЗТ Скопје Аеродром и Шкупи ќе се борат за третото место, додека во 20 часот Работнички и Вардар ќе ја започнат финалната битка за шампионска титула. 
 
И во наредните пет дена ќе се играат и завршниците останатите младински категории.
 
Во среда и четврток (7 и 8 јуни) ќе се игра турнирот во конкуренцијата М-14  односно за играчи родени 2003-та и помлади. За шампионската титула ќе се борат Партизан Водно Санс - МЗТ Скопје Аеродром и Феникс 2010 – Вардар. Овие натпревари ќе се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. 
 
Полуфиналните двојки во генерацијата М-16 (кошаркари 2001 и помлади) ги сочинуваат, Феникс 2010 - Партизан Воднос Санс 2 и Вардар - Партизан Воднос Санс 1. Натпреварите во оваа годишна возраст ќе се играат во петок и сабота (9 и 10 јуни) во СРЦ „Кале“. 
 
Неделата на мак-баскетот ќе биде комплетирана со завршниот турнир во возрасната категорија до 16 години во женска конкуренција кој е закажан за викендот (10 и 11 јуни).