Македонија
31. July 2017 - 14:16

Филмски грабеж во Скопје - Ограбена аптека

На 30.07.2017 година околу 15.30 часот во аптека на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје непознат маскиран сторител извршил разбојништво, при што одзел околу 6.000 денари од дневниот промет. Сторителот влегол внатре и со закана со нож од вработената побарал пари. Во тој момент вработената се тргнала настрана, излегла низ споредната влезна врата и побарала помош. Во исто време сторителот од едната каса ги одзел парите и побегнал. Екипа на СВР Скопје извршила увид на местото на настанот и по кратко време сторителот е пронајден и приведен во ПС Центар. Се работи за  И.С. (26) од Скопје.