Македонија
19. September 2015 - 10:32

Филмска вечер „Лица, спомени“

Во организација на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица  вечер ќе се одржи проекција на три кусометражни филмови во режија на Горан Тренчовски. Филмската вечер е насловена  „Лица, спомени“.

Филмовите на Тренчовски се оценети како инвентивни и модерни филмски производи во полето на краткиот и документарниот аудиовизуелен израз и се прикажувани на голем број меѓународни фестивали. Во нив може да се препознаат лицата на четгворица еминентни македонски актери: Кирил Здравески, Зора Георгиева, Ристо и Васил Шишкови. Сите четворица се поврзани со Струмица и нивните актерски остварувања оставија длабоки траги не само во македонското туку и во меѓународното културолошко милје.
 
Режисерот Тренчовски наскоро треба да започне со снимање на долгометражниот игран филм под работен наслов „Златна петорка“.