Македонија
25. November 2017 - 14:38

Филмска кражба во ТТК банка: Им извадил пиштол и се заканувал на вработените

Во експозитура на „ТТК Банка“ на ул. „Пролетерски Бригади“ во Струга вчера во 09:10 часот непознат сторител извршил разбојништво над вработените.

Сторителот со закана со пиштол од вработените одзел околу 220.000 денари (1600 евра, 500 швајцарски франци и 100.000 денари). 

Сторителот влегол во банката, го вперил пиштолот кон една од вработените барајќи и пари, а воедно и фрлило ранец.

Вработената во ранецот ги ставила парите, по што лицето побегнало во непознат правец. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.