Свет
16. May 2016 - 8:45

Филипинскиот претседател најави повторно воведување на смртна казна

Новоизбраниот филипински претседател Родриго Дутерте најави дека повторно ќе ја воведе смртната казна и ќе им даде овластувања на безбедносните сили да можат да пукаат врз криминалци или лица кои насилно се спротивставуваат при апсење.

На првата прес-конференција по изборот за претседател, тој предупреди дека неговите најави во текот на кампањата не се од реторичка природа.

- Ќе побарам од Конгресот повторно воведување на смртна казна со бесење, истакна Дутерте.

Филипинскиот претседател додаде дека сака повторно да воведе смртна казна, кој во земјата е укината во 2006 година, поради широк спектар на злосторства, посебно за трговија со дрога, но и за силување, убиства и кражби.

Дутерте за време на кампањата вети дека ќе му стави крај на криминалот за три до шест месеци по неговото стапување на должност.