Свет
29. јуни 2020 - 13:11

Филипинската крајбрежна стража трага по 14 исчезнати по судирот на два брода

Филипинската крајбрежна стража ја продолжи потрагата по 14 луѓе кои се водат како исчезнати, откако вчера се судрија товарен и рибарски брод во близина на градот Мамбурао.

Засега не е познато дали рибарскиот брод потонал и дали потрагата за неговиот 12-член екипаж и двајца патника ја спречуваат силните бранови. Не е позната ниту причината за судирот.

Во денешната потрага се вклучени еден лесен авион на крајбрежната стража и еден хеликоптер.

Во моментот на судирот, рибарскиот брод се движел кон градското подрачје на Манила, додека товарниот брод, кој пловел под знамето на Хонгконг и не превезувал товар, се движел кон Австралија.