Живот
13. November 2015 - 11:10

Филипините ќе ги продаваат заплените дијаманти на семејството Маркос

Филипинското министерство за финансии денеска соопшти дека на аукција во Манила ќе ги продава двете колекции скапоцени камења на семејството на поранешниот диктатор Маркос, кои биле запленети по нивното бегството од државата во 1986 година. Почетната вредност на двете колекции дијаманти и бисери е околу осум милиони долари.

Едната колекција скапоцености, само од дијаманти е запленета во САД. Ги чувал Американец со грчко потекло, кој бил близок со семејството Маркос. Втората, наречена „Хавајска колекција’’ е конфискувана со обемна полициска акција на Хаваите, во хациендата во која семејството на филипинскиот диктатор живееше во егзил.

Во некои филипински медиуми денеска се појавија шпекулации дека тоа што ќе го продава државата не е ни десетти дел од скапоценостите и уметничките дела кои семејството Маркос ги изнесувало од државата, насетувајќи дека поради народен револт ќе биде принуден да избега од државата. Во март 1986 година, по триневно собирање на над 1,5 микон граѓани на улиците на Манила, Фердинанд Маркос со хеликоптер ја напушти претседателската палата и со воен авион слета на Хаваите.