Свет
4. July 2016 - 17:04

Филипини: Запленети 180 кг дрога вредна 19,2 милиони долари

Полицијата на Филипини соопшти денеска дека заплениле оклу 180 кг. висококвалитетен метамфетамин во вредност од 19,2 милиони долари.

Дрогата е откриена по истрага спроведена по ветувања на новиот претседател Родриго Дутертеа дека „ќе го искорени криминалот во рок од шест месеци“.

Полицијата го запленила метамфетаминот на напуштена фарма во областа Кајаган. Во тек е истрага дали дрогата е увезена или произведена на Филипини.

Во изминатите шест месеци според полицијата, убиени се повеќе од 100 нарко дилери, а илјадиници наркомани се пријавиле во полиција поради засилената кампања против дрога.