Свет
23. August 2016 - 11:51

Филипини: Над 1900 лица се убиени од почетокот на операцијата за разбивање на трговијата со дрога

Над 1900 лица, или околу 36 на ден, се убиени од почетокот на операцијата за разбивање на трговијата со дрога во Филипини, откако пред седум месеци претседателот Родриго Дутерте стапи на должност, изјави Роналд дела Роса, началник на националната полиција. 

Роса, на сослушувањето во Сенатот, нагласи дека нема официјална политика да се убиваат наркомани и наркодилери и дека околу 1100 смртни случаи продолжуваат да се разгледуваат. 

Останатите убиства, околу 750, се лица ликвидирани при полициски операции спроведени за разбивање на трговијата со трога. 

Тој додаде дека околу 300 полицајци се осомничени дека се вмешани во трговијата со дрога и предупреди дека ако се открие дека се виновни, тие ќе бидат отпуштени и изведени пред суд.