Македонија
16. April 2021 - 13:00

Филипче: За жал денеска имаме млада почината пациентка - ќе се донираат нејзините органи

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција кажа дека денеска за жал има починато млада пациентка. Има сосгласност за пациентката за донација од семејството и сега се прават проверки во однос за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите.

„Веројатно дека имаме потенцијал да се направи уште една трансплантација. За жал, имаме млада почината пациентка, а има согласност за донација на органи од нејзините родители, и се прават анализа дали може да се направи трансплантација и на срце, и на бубрези. Ако имаме можност трансплантација на срце, ќе биде истиот тим како претходниот пат кој ја направи минатата трансплантација“, рече Филипче.