Македонија
16. August 2021 - 11:24

Филипче: За влез и излез од државата, негативен ПЦР тест, доказ за примена вакцина или прележан Ковид

Да се регулира влезот и излезот од Македонија поради ширењето на коронавирусот ќе побара од Владата министерот за здравство Венко Филипче. Тој во денешната изјава за медиуми рече дека мерки за Тетово засега нема, а Комисијата за заразни болести разговарала да се намали работното време на објектите и намалување на капацитетите во автобусите. Но засега, овие мерки нема да се имплементираат.

„За влез и за излез од Македонија за сите граѓани, без разлика дали се наши државјани или странци, да се бара негативен ПЦР тест, доказ за примена вакцина или доказ дека ја прележале болеста. Утре ќе знаеме дали и како би се имплементира оваа мерка“, рече Филипче.