Македонија
20. May 2020 - 13:44

Филипче: За викендот карантин од сабота од 19 часот до вторник до 5 часот наутро

Комисијата за заразни болести предлага карантин за претстојниот празничен викенд, кој ќе почнува од сабота од 19 часот до вторник до 5 часот наутро, изјави Министерот за здравство.

Филипче вели дека оваа мерка е предложена бидејќи најголем број од последните случаи се поради семејни собири.

Побара институциите ревносно да работат и да има поголема контрола за оние кои не го почитуваат полицискиот час.

За угостителските објекти вели дека ќе почнат со работа по празниците, но за тоа ќе одлучува Комисијата во петок.

 

Сања Димитровска