Македонија
28. May 2021 - 13:34

Филипче за вакцинираните во Србија: Втора доза само за граѓаните над 60 години

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека ќе биде отворен уште еден сајт на кој ќе се пријавуваат за ревакцинација граѓаните над 60 години кои се вакцинираа во Србија.

– Отвораме уште еден сајт, ревакцинација.мк, на која ќе се пријавуваат граѓаните кои се вакцинираа во Србија, да можат да се пријават кај нас и да бидат ревакцинирани со „АстраЗенека“. Сепак, останува кај нас да се ревакцинираат само граѓани постари од 60 години – појасни Филипче.