Филипче за Сител: Деталната анализа на епидемиолошката ситуација ќе покаже дали и какви рестрикции се потребни
Министерот за здравство Венко Филипче за Сител изјави дека по деталната анализа на епидемиолошката ситуација ќе се одлучува за рестриктивни мерки во државава.
- Оваа бројка на новозаразени лица од Ковид-19 е навистина голема во однос на претходните денови. Во консултација со останатите членови на КЗБ одлучено е дека денеска и утре треба да се направи детална анализа на епидемиолошките прашалници во секоја посебна општина и секој град, за да се направи точен увид за начинот на трансмисија на вирусот, а согласно ова ќе се одлучува за тоа дали и какви рестриктивни мерки во која општина ќе треба да се воведат, изјави Венко Филипче за Сител
- Воведувањето на рестриктивни мерки во угостителските објекти ќе бидат во согласност со анализата на епидемиолошките прашалници како и планот за рестрикција за затворање на училишта и градинки. Доколку епидемиолошката ситуација биде стабилна во текот на месец ноември физички ќе бидат присутни и други ученици во други одделенија, додаде министерот за здравство.
КЗБ секојдневно ја следи ситуацијата со коронавирусот по одделни општини и градови. Мерките можат да бидат и таргетирани, се зависи од епидемиолошките податоци во однос на трансмисијата на вирусот во одделни места во земјава.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација