Македонија
16. February 2021 - 19:47

Филипче: За десетина дена ќе бидеме една од ретките земји во Европа што ќе ги вакцинира сите здравствени работници

Во денешното гостувањето во Тема на денот во дневникот на Сител министерот за здравство Венко Филипче истакна дека за десетина дена Македонија ќе биде една од ретките земји во Европа што ќе ги вакцинира сите здравствени работници кои работат со ковид-пациенти.

Во однос на тоа зошто се чекале три дена од примопредавањето на првите 4.680 вакцини на „Фајзер“ од Србија, министерот рече дека чекањето било поради административни пречки.