Македонија
22. January 2021 - 12:51

Филипче: Во тек постапка за набавка на инсулин, надополнети се инсулинските аптеки

Во тек е редовната двегодишна постапка за набавка на инсулин. Надополнети се сите инсулински аптеки во државата. Во следниот период ќе има инсулин и од новата постапка и од тоа што се сегашни резерви, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Таа мала криза што беше пред неколку недели целосно се надмина, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по повод донација на две возила од Општината Чаир за Итната медицинска помош.