Македонија
28. August 2018 - 18:25

Филипче: Во септември нов оглас за државна специјализација согласно потребите на здравствените установи

Министерството за здравство во септември ќе распише оглас за сите државни специјализации кои се потребни на здравствените установи во земјава, најави, министерот за здравство Венко Филипче. Oбезбеден е и потребниот број ментори за соодветни специјалности, кои ги бараат здравствените институции.

- Секако дека ќе бидат обезбедени и средства за специјализациите

Филипче не прецизираше за колку државни специјализанти се обезбедени средства, но истакна дека приоритет ќе имаат дефицитарните медицински гранки. Во меѓувреме, во местата каде недостасуваат специјалисти, проблемот се решава со договори помеѓу Здравствените домови и Клиниките во Скопје.

- На пример, недостатокот од гинеколози така го решаваме во неколку градови од државата, додаде Филипче

Истовремено, докторите кои се на приватна специјализација од јануарскиот конкурс, се уште ја чекаат ветената плата за нивниот труд на клиниките, иако во месец мај, Филипче лично им вети дека од јуни ќе добиваат пари, ветувањето се пролонгира за крајот на септември, годинава.