Филипче: Во преговори сме чистењето на дворот на Клиничкиот центар да го преземе Комунална хигиена
Причина за проблемот со ѓубрето во дворот на Клиничкиот центар во Скопје е тоа што изминатите години од едно на друго место беа префрлани ингеренциите од Службата за заеднички работи на Министерството за здравство. Во преговори сме да изнајдеме начин со кој ингеренциите околу чистењето на дворот на Клиничкиот центар во Скопје ќе ги преземе ЈП „Комунална хигиена“.
Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека не сакаат да распишуваат тендери и чистењето да го прават приватни компании кога, како што рече, парите може да одат во јавните претпријатија.
- Само ја наоѓаме правната рамка и за тоа правниците се веќе во преговори. Во меѓувреме, два пати кампањски беше организирани чистење што знаеме дека не е доволно. Сигурен сум дека за скоро време тоа ќе се реши и континуирано ќе има слжби за чистење од ЈП Комунална хигиена, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за пуштањето во употреба на Кабинетот за клиничка исхрана и за набавката на ендоскопски капсули на Клиниката за гастроентерохепатологија.
Ново на Сител
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин