Македонија
14. January 2021 - 13:11

Филипче: Во Македонија уште не е детектиран новиот вирус од Англија, но има други мутации

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска во изјава за новинарите кажа дека во Македонија се уште не е детектиран новиот вид на коронавирус како оној во Велика Британија.

„Од летото досега, во лабораторијата на МАНУ се детектирани шест-седум типа, со мутации како што биле и во Британија. Но, не се работи за истиот, туку за сосема различен, што е откриен во Србија и во Швајцарија“, истакна Филипче.