Македонија
28. March 2021 - 9:16

Филипче: Во април ќе стигнат уште 76.000 дози вакцини од АстраЗенека

Утринава пристигна првата пратка вакцини преку КОВАКС механизмот во нашава земја. На аеродромот во Скопје министерот за здравство Венко Филипче во присуство на повеќе амбасадори истакна дека масовната вакцинација почнува среда во вакциналните пунктови. 

Потенцираше дека вакцината на британско-шведскиот производител е лесна за чување, односно се чува во фрижидери на температура од 2 до 8 степени, додавајќи дека тоа овозможува безбедно да се чува во здравствените домови во секој град.

- Пријавени се повеќе од 20.000 граѓани над 75 години, тие ќе бидат први повикувани. Во април треба да пристигнат 76.000 дози од АстраЗенека, изјави министерот Филипче.