Македонија
22. November 2020 - 19:36

Филипче: Стара „Систина“ станува ковид центар, лекувањето ќе биде на трошок на државата

Заврши средбата на министерот Филипче со сопствениците на приватните клиники. 

Склучен е договор помеѓу министерот за здравство и сопствениците на приватните клиники „Систина“, „Ремедика“ и „Жан Митрев“. 

Стариот дел од болницата „Систина“ ќе биде претворен во инфективно одделение, односно нов ковид-центар која би имала капацитет да згрижи 100 пациенти. За пациентите ќе се грижи тим составен од приватните клиники, а трошокот ќе биде на сметка на државата.