Филипче: Стабилизирана состојбата во болниците, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни
Министерот д-р Венко Филипче утрово одржа состанок со директорите на ковид центрите од клиникте во комплексот Мајка Тереза на кој беше разгледана состојбата со бројот на хоспитализирани и слободни места по инфективните одделенија. По напрвените анализи, заклучено е дека изминатата недела е достигнато платото по бројот на хоспитализирани пациенти и веќе имам благ пад на бројот на хоспитализрани на дневно ниво.
- Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели има се повеќе слободни места. Секако ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат. – рече министерот Филипче.
На сите инфективни оддели има слободни места со довод на гасови, а во наредните неколку дена ќе завршат градежните работи кои ќе овозможат да се отворат нови соби со довод на кислород.
- Мерки кои Комисијата за заразни болести ги донесе дааавт резултат и бројаката на хоспитализации се стабилизра. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи – изјави Филипче.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари