Македонија
11. јуни 2020 - 15:52

Филипче: Состојбата во Штип и тетовско се смирува, во Скопје уште е тензично

Во изминатите 24 часа во земјава 981 граѓанин е тестиран од Ковид-19. Притоа регистрирани се 175 новозабоени, а петмина починале, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Во Охрид на семејна прослава досега се потвдени осум заболени од коронавирусот, а на свадба во Скопје пак се потврдени 14 заболени од Ковид-19, рече Филипче.

– Во седумте штипски конфекции има 126 позитивни, а 24 заболени се болнички хоспитализирани. Во Штип и тетовско состојбата се смирува, а уште тензично е во Скопје, посебно во општина Чаир – рече Филипче.