Филипче: Состојбата со болниците е стабилна, ГОБ „8 Септември“ и „Козле“ постепено се враќаат на редовно хоспитализирање
Министерот за здравство Венко Филипче, осврнувајќи се на епидемиолошкиот аспект, вчера истакна дека состојбата е стабилна, вклучително и состојбата со болниците каде практично секаде има слободни болнички капацитети.
Во однос на состојбата со коронавирусот согласно последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од случаите во изминатата недела, Филипче информираше дека хоспитализирани биле вкупно 71 од новозаболените што е намалување од 40,3 проценти во однос со претходната недела.
-Овој тренд го следиме во сите институции, каде се лекуваат ковид-пациентите, што е многу важно во однос на менаџирање на целокупниот болнички капацитет. Во болницата Козле останати сè уште неколку возрасни пациенти. Верувам од крајот на неделата понатаму ќе биде повторно наменета само за лекување на деца. Слободни кревети има на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, околу 70 окупирани. Значајно намалување на бројот на хоспитализирани пациенти има и во Градската општа болница „8 Септември“ – денеска околу триесетина, што дозволува постепено да се врати нормалното хоспитализирање, посебно на болницата „8 Септември“ преку системот Мој Термин“, потенцираше министерот Филипче.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка