Македонија
22. September 2020 - 15:15

Филипче: Следните денови ќе информираме за новите мерки за спречување на натамошно ширење на Ковид-19

Во тек се анализи и планови за воведување евентуално на нови мерки за спречување на понатамошното ширење на вирусот. Наша стратегија и цел е навремено да воведеме мерки кои директно ќе влијаат на сузбивање на ширење на вирусот. Целта е да се избегнат евентуални рестрикции на движењето или мерки кои повторно би ја закочиле економијата  и целосни би не затвориле во нашите домови, но доколку е тоа нужно тоа секако ќе го направиме, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека следните денови ќе информираат за новите мерки што се планираат согласно стратегијата која е развиена од Комисијата за заразни болести, а дел од мерките кои ги разгледуваат се задолжително носење на маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителски објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворени, прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено, односно во однос на бројот на посетители, дистанцата на седење, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз.