Филипче: Следат празници и убаво време да не се групираме и да ги почитуваме мерките за заштита
Состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, мерките дадоа резултати. Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките. Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Има, посочува министерот, многу начини да поминеме квалитетно време во кругот на семејството и најблиските, а да останеме заштитени од вирусот.
- Од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини и ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум. Ве уверувам дека брзо и ефикасно ќе вакцинираме со цел што побрзо граѓаните да стекнат имунитет. Од вас единствено барам почитување на јасно пропишаните мерки кои ќе не заштитат од евентуален нов бран после празниците, напиша Филипче.
Ново на Сител
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа
-
Лазаров по пласманот во осминафиналето на Европскиот куп: Тоа беше нашата зацртана цел и ја остваривме
-
Трамп им се заканува на членките на БРИКС со 100% царини доколку работат на поткопување на доларот