Филипче: Се решава проблемот со недостигот од гинеколози
Комисија од Министерството за здравство со искусни гинеколози направи проверка и ги посети сите здравствени установи каде има недостиг од гинеколози. Ќе се дадат дозволи овие установи повторно да ги вратат гинеколошките диспанзери, а гинеколозите кои работат во болниците да може да дадат услуга како матичните гинеколози односно за примарно ниво. На тој начин ќе ги искористиме постојниот број на гинеколози, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека верува оти со оваа мерка и прием на сите млади доктори кои ќе завршат, тие ќе се најдат себеси и ќе сакаат да специјализираат и во оваа сфера.
– Разговаравме со повеќе меѓународни институции и Светската банка која прави проценка на системот на примарно ниво, а беа вклучени пред 10-ина години во имплементација на реформа на тоа ниво. Се разви тогаш системот на капитација и матични лекари, меѓутоа во некои градови се соочуваме со сериозен недостиг и практично ги нема во Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Пробиштип, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење