Филипче: Се предлага полицискиот час да трае две недели
Се предлага полицискиот час да трае две недели колку еден епидемиолошки циклус, тогаш кога очекуваме да има вистински резултат. Можеби ќе има измена на таа препорака.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој во образложението на донесувањето на предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава рече дека евидентно било дека во изминатите десет дена бројот на заболени се зголемува.
– Инциденцата најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. Тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив н пациенти во болниците. Во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница. Исто е во Прилеп, а ние гледаме тука во Скопје има секојдневно се поголем број случаи кои бараат хоспитализација и затоа во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно се спремни сега сите интерни клиники. Тоа го организиравме денеска во текот на утрото како што беше во ноември, посочи Филипче.
Ударот кон болниците во смисла на прилив на нови пациенти, потенцира министерот, не е така нагол, како што беше на почетокот на ноември и тоа е една значајна разлика без оглед на зголемувањето на инциденцата.
– Многу е тешко сега да се каже дали ќе продолжи тој тренд или ќе се достигне некое плато односно дали бранот кој сега се јавува ќе биде идентичен на тој во ноември. Тука има поделени мислења на епидемиолозите. Но, ние мора да сме внимателни и спремни и во таа смисла препораката на Комисијата за заразни болести е да има ограничување на движењето после 22 часот поради тоа што сметаат дека има групирање после затворање на угостителските објекти без почитување на превентивните мерки на јавни површини, простори итн., додаде Филипче.
Тој рече дека освен предлогот за воведување полициски час засега нема да препорачаат други мерки, како што е одложување на пописот.
-Засега не, сакаме да го ублажиме овој тренд на зголемен прием на пациенти кон болниците, така што гледаме и нови мерки и други препораки будно ја следиме состојбата. Засега освен ова не препорачуваме ништо друго, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат одложување на полицискиот час.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација