Филипче: Се даваaт лажни податоци и адреси за да не се достават решенија за изолација
Министерот за здравство Венко Филипче порача дека повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба. Тоа го анализирале денеска на состанок на Комисијата за заразни болести и ќе ја следат будно состојбата во наредните денови. Засега се уште нема потреба од таква мерка зашто се следат кластерите на вирусот.
Карантински мерки може да бидат воведени за општини каде има зголемен број на новозаразени. Тоа се Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром каде има поголема концентрација на нови заразени од периодот на строгите рестриктивни мерки. Половина од 52 новозаразени (односно 26) во изминатите 24 часа се од Скопје.
Според Филипче, загрижува тоа што граѓаните не ги почитуваат препорачаните мерки за носење маски и дистанца, а има и прекршувања на решенијата за изолација и движење надвор од карантинот, има групни собирања, како и несоработка со епидемиолозите, давање лажни податоци и адреси за да не им се достават решенија за изолација. Тој рече дека ќе има посилни контроли , а од МВР побара поголема ажурност и санкционирање.
Нагласи дека и покрај олабавувањето на мерките и укинувањето на полицискиот час, мерките за заштита остануваат и, како што рече, тие се јасни и не се тешки за да се применуваат.
-Огромен број граѓани не се свесни за вирусот и болеста. Занемарување на вирусот нема да ни помогне, туку ја отежнува ситуацијата, предупреди Филипче.
Соопштувајќи ја статистиката, рече дека во 14 дена процентот на заразени е 5,5, а во него е вкалкулиран и од скринингот од моментот кога почна да се прави во градинките.
Исполнетоста на капацитетот на болниците е 11 проценти и тие се во добра кондиција. Бројот на оздравени здравствени работници е висок, рече Филипче, односно над 22 проценти.
Инциденцата во 14 дена е 10,3 проценти т.е. три пати помала од пикот во април. Има 15 градови во кои биле регистрирани болни, а повеќе немаат заразени.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај