Македонија
28. July 2018 - 18:57

Филипче: Се чекаат наодите од комисиите и од обдукцијата за смртта на родилките

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Битола изјави дека ги чекаат извештаите од комисиите и обдукциските наоди од Институтот за судска медицина за да се видат точните причини за последните случаи на смртност кај родилките. Според првичните информации, како што додаде, не станува збор за грешка.

- Не би сакал да прејудицирам кои се вистинските причини се додека не ги видaм извештаите од комисиите и обдукциските наоди од Институтот за судска медицина. За сега од првичните информации кои ги добивме од интервјуата и разговорите со сите луѓе вклучени во процесот и менаџерите на болниците нема знаци дека станува збор за грешка, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Клиничката болница во Битола. 

Во однос на смртноста на новороденчињата, министерот за здравство нагласи дека има одредени резултати, односно дека значајно е помал бројот на починати новороденчиња во однос на истиот период минатата година. 

Тој истакна дека е зголемен бројот на медицинскиот персонал во гинеколошките одделенија, се обездуваат донации и сериозно се работи на унапредување на знаењето на кадарот кои работат на таа проблематика