Македонија
26. February 2021 - 15:44

Филипче: Пристигнувањето на кинеските вакцини во Македонија може да се пролонгира за неколку денови

Нашиот здравствен систем добро се справува со пандемијата од корона вирусот, кој пред една година почна да се шири во нашата земја, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

„Добро се справивме со корона вирусот. Сега сме во тренд во кој има зголемување на бројот на заразени според последните пресметки. Не можеме да бидеме сигурни дали тоа е моментално или ќе продолжи понатаму. Околу 70 отсто од новодијагностицираните се од британскиот вид на корона вирусот. Викендот ќе се анализираат ситуациите и ќе видиме дали ќе се препорачаат рестриктивни мерки. Што се однесува до пристигнувањето на кинеските вакцини, нивното доаѓање во Македонија може да се пролонгира за неколку денови“, вели Филипче.

Тој додаде дека наскоро следува анализа според регионите во кои засилено се шири британскиот вид на корона вирусот, при што ќе се знае дали ќе има дополнителни рестрикции.