-->
-->
Филипче: Пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на „Фајзер”
-->
Денеска пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на производителот „Фајзер” од кои 5850 се преку директни преговори со производителот, а 4680 дози кои ЕУ ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe), објави попладнево на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, посочува министерот, ја координира Австрија.
-Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk , напиша Филипче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот