Македонија
20. July 2021 - 11:23

Филипче: Потврдени се пет нови случаи на заразени со Делта сојот - Присутни се и другите соеви

Нови пет случаи на Делта сојот се потврдени во последната недела во Македонија.

-Три се во Скопје, по еден во Куманово и Тетово од вкупно осум анализирани. Не е само тој, присутни се и другите соеви, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека вакцината е единствениот начин на заштита против сериозна форма на болеста и смртен исход.