Македонија
1. April 2021 - 15:19

Филипче: Полицискиот час дава резултати

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека полицискиот час дава резултати, посочувајќи дека на овој начин се спречило младите лица да го шират вирусот преку собири на јавни површини. 

„Целта на рестриктивните мерки беше да се ограничи движењето и комуникацијата на една критична категорија на граѓани, кои како трансмитери беа идентификувани во делот на епидемиолошката слика, анкетите, а тоа беа помладите кои се собираа на јавни површини, паркови, после завршувањето на работата на угостителските објетки, и скоро секогаш без почитување на превентивните мерки, како носење маски и одржување дистанца. Во овој балансиран пристап со умерена рестрикција комбинирана со индивидуална одговорност, резултатот дојде во смисла што немаше експоненцијален раст на заболени од вкупниот број на направени тестови и немаше нагол прилив кон болниците за да се парализира здравствениот систем. Тоа успеавме добро да го изменаџираме, имаме доволен број на кревети кога споредуваме со пикот во ноември…Во таа смисла избегнувањето на експоненцијалниот раст, и тоа што имаше мнгу други земји кои имаа многу порестриктивни мерки и се соочија со многу посилен бран од нашиот, како едно сценарио, и друго сценарио да после таквиот раст воведување на некаква форма на карантини не даде резултат, Комисијата за заразни болести смета дека ова е пристапот којшто треба да биде“, рече Филипче.