Македонија
13. October 2020 - 13:52

Филипче: Почитувањето на мерките е „оружјето“ со кое секој од нас може да даде придонес во борбата против Ковид-19

Живееме еден од најтешките периоди во поновата историја. Целиот свет е под огромен притисок. Но, најголемиот товар и натаму го носат здравствените работници и повеќе од сé им е потребна наша поддршка за да се справат со предизвикот пред кој се исправени, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Здравствените работници, посочува министерот, се нашата надеж во борбата против пандемијата.

– Почитувањето на мерките е „оружјето“ со кое ние, секој еден од нас, може да даде свој придонес во таа борба. Да им помогнеме, тие тоа го очекуваат и заслужуваат. Да покажеме благодарност и почит кон нивната работа, напиша Филипче.