Македонија
14. May 2020 - 14:33

Филипче патува за Атина за договор на патувањата, ЕК не препорачува здравствени пасоши

Министерот Филипче  денеска патува во Атина каде ке се сретне со грчкиот колега со цел да се координира  под кои услови ќе се патува мегу двете земји. Вакви состаноци се планирани и со други држави од регионот  за да се утврдат условите под кои ќе се преминуваат границите. Препораките на Европската комисија кои вчера беа усвоени се дека тестови и корона пасошите не се потребни на граничните премини, со образложение дека тие не се ниту доволна гаранција , ниту се научно валидни. Сепак, останува можноста земјите билатрелано да се догворат за меѓусебниот сообраќај

Експерите за европската политика од регионот, очекуваат земјите на Унијата, како што е Грција силно да притиснат за отворање на границите внатре, но за трети земји. Притоа регионот не смее да седи со скрстени раце.

Во пакетот мерки што Европската комисија го усвои вчера се препорачува  регионите и државите  кои имаат полесна епидемиолошка слика да ги олабават рестрикциите и дозволат непречено преминување преку границите. За земјите надвор од ЕУ претходно препорача е границите да останат затворени до 15 јуни, со објаснување дека прво треба да се кренат граничните рестрикции внатре во Унијата.