Македонија
23. April 2021 - 11:03

Филипче: Освен за помладите од 60 години за вакцината на АстраЗенека нема друга контраиндикација

Министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање дали граѓаните кои имаат долгогодишни алергиски проблеми ќе можат да бираат со која вакцина ќе се имунизираат или не, рече дека во месец мај ќе има на располагање повеќе вакцини ширум земјата и дека засега нема пријавено ниту една контраиндикација, освен за вакцината на АстраЗенека која не е препорачлива за граѓаните под 60 години.

- Во еден момент веројатно во месец мај на располагање во пунктовите ширум земјата ќе има повеќе вакцини. Засега нема ниту една контраиндикација за ниту една група граѓани освен за граѓаните помлади од 60 години за вакцината на АстраЗенека, тоа е нешто што веќе го објавивме, и нема друга контраиндикација за ниту една друга здравствена состојба. Меѓутоа, и пунктовите се така организирани од здравствени работници кои зимаат анамнеза и разговараат за здравствената состојба, значи нема никаква контраиндикација за никаква претходна состојба за која било вакцина која очекуваме да стигне во нашата земја, но може да се поразговара лекарите се токму за тоа, рече Филипче.