Филипче: Огромен дел од борбата против коронавирусот останува во свеста и совеста на народот
Министерот за здравство Венко Филипче денеска уште еднаш нагласи дека препораката за секаква форма на масовно собирање останува и сега и во иднина, но исто така и дека огромен дел во целата борба против коронавирусот останува на свеста и совеста на народот.
-Препорака апсолутно имало, има и сега и ќе има и во иднина за секаква форма на масовно собирање. Но, секогаш доаѓаме до истата поента, а тоа е дека огромен дел во целата борба против коронавирусот останува на свеста и совеста на народот. И она што се случуваше во изминатиот период новите случаи вториот бран, почетокот, трансмисијата после тоа го поврзуваме со настани коишто овие превентивни мерки не се почитуваат. Било каква форма на собир каде што нема да се одржува дистанцата, нема граѓаните да носат маски асполутно е ризик како по здравјето на таму присутните, така и по здравјето на сите нивни блиски, рече Филипче.
Министерот за здравство, сепак, кажа дека верува дека во последните денови од кампањата, а и вечерта по изборите кога ќе се знаат резултатите, ќе се почитуват апсолутно сите протоколи.
-Ние практично секојдневно на утринските состаноци на КЗБ разгледуваме различни барања, од организатори на настани на отворено, на затворено, свадбите дали ќе се организираат или не беше прашање пред некој ден. За се важат истите препораки. И повторно ќе се вратам на тоа новите случаи се исклучиво таму каде што мерките не се почитуваат, дециден е Филипче.
Ново на Сител
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци