Македонија
27. April 2020 - 10:48

Филипче: Одлуката за тридневен карантин за првомајските празници во четврток

Во разговор во утринската програма на Сител телевизија, министерот за здравство најави дека најверојатно во четврток ќе се знае дали ќе има карантин за Први мај.

- Се уште е рано да се каже дали ќе има тридневен карантин за викендот кој следни односно за првомајските празници. Во зависност на бројот на новозаболени, во соработка со комисијата за заразни болести и нивната анализа, ќе ја донесеме заеднички одлуката која најверојатно ќе ја соопштиме во четврток. Тешко е да се биде затворен, но со помош на оваа мерка успеваме успешно да се избориме со коронавирусот. Ова е време кога сите треба да се воздржиме за доброто на сите, изјави Филипче.