Филипче: Одлуката на ЕУ доаѓа по стабилизација на ковид состојбата во државата
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека одлуката на Европската Унија за олеснување на патувањата на нашите државјани доаѓа по стабилизацијата на состојбата со вирусот во државата. Но, тој предупредува дека пандемијата сè уште не е завршена и оти треба да се придржуваме кон мерките за заштита.
– Европската Унија одлучи да ги олесни ограничувањата за патување на нашите државјани, на што се согласија сите 27 членки на блокот. Оваа одлука на ЕУ доаѓа по стабилизација на состојбата со вирусот во државата. Продолжуваме будно да ја следиме епидемиолошката состојба во земјава. Апелирам до граѓаните дека сè уште важат основните мерки за заштита од вирусот Ковид 19. Пандемијата не е завршена кај нас, во земјите во регионот, па и насекаде во светот, сè уште има активни случаи и новозаразени, што на еден начин е потенцијална закана за можен удар од вирусот, затоа треба да се придржуваме кон мерките за заштита, напиша министерот Филипче на „Фејсбук“.
Изјавата на министерот доаѓа по денешната одлука на амбасадорите на ЕУ да се укинат рестрикциите за несуштински патувања за државјаните на неколку земји, меѓу кои и за Македонија, Одлуката треба да биде формално објавена во Службениот весник на ЕУ со што ќе стапи на сила, најверојатно во петок, јави дописничката на МИА од Брисел.
Европската унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците од САД и седум други земји по договорот од средата меѓу 27-те земји-членки.
Патниците од САД, Албанија, Хонг Конг, Либан, Макао, С.Македонија, Србија и Тајван треба полесно да влегуваат во Унијата, изјави португалското претседателство со ЕУ за германската агенција ДПА.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок