Македонија
7. April 2021 - 11:47

Филипче: Од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од ЈЗУ

Од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените установи. Клучно е да го зголемиме капацитетот и човечките ресурси во битката со овој силен бран, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Утрово, посочува министерот, на редовната дневна координација со директорите на клиниките работевме на реорганизација на системот и обезбедување на потребните капацитети.

– Притисокот е огромен и на дневна основа се планира и надополнува со цел сите пациенти да добијат соодветна заштита. Апелирам да се почитуваат рестриктивните мерки и сите препораки за заштита со цел да го заштитиме здравствениот систем, напиша Филипче.

Од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените...

Posted by Венко Филипче on Wednesday, April 7, 2021