Македонија
30. January 2020 - 14:05

Филипче: Од понеделникот немаме патник кој директно допатувал од Кина

Изминатите четири дена на термалната камера поставена на скопскиот аеродром поминале околу 2000 патници од летовите од Дубаи и Истанбул, но кај нитуеден патник не се регистрирани сиптоми како што се покачена температура кој можат да предизвикаат сомнеж за коронавирусот. 

Според министерот за здравство Венко Филипче досега во земјава нема пристигнато ниту еден патник кој директно доаѓа од Кина а извршил трансфер на споменатите аеродроми. Таков не се очекува ниту на денешниот лет, нема патници кој доаѓаат од ризичните подрачја во Кина. 

 

Александар Динев