Филипче: Очекуваме нов бран на Ковид-19, можно е воведување рестриктивни мерки
Со оглед дека летото е зад нас, а ризикот кој ја носи есента може да донесе на зголемен број на заразени од коронавирусот, разгледуваме воведување на нови мерки, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
„Тој уште еднаш повтори дека главна причина за ширењето е непочитување на мерките.Од анализите на епидемиолошките анкети на новозаразените, главната причина за новозаразени се должи на непочитување на мерките, групирање, семејни прослави. Граѓаните заборавија на важноста на почитување на мерките и последиците од нивното непочитување.
Во следниот период ќе ги засилиме контролите за спроведувае на мерките, и сите инспекторати и инсистуции задолжени за почитување ќе работат на тоа, ситуацијата мора да се сфати сериозно.Следните денови ќе информираме за можни нови мерки, а дел од мерките кои ги разгледуваме здолжително носење на отворено, ограничување на бројот на маси во угостителски објекти, ограничен број на луѓе во угостителски објекти и ограничен број на луѓе при групирање, прецизен протокол за работа на угостителските објекти, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз“, рече Филипче.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо