Македонија
24. October 2019 - 16:38

Филипче очекува новиот Клинички да се гради според планираното, опозицијата обвинува за криминална постапка

Дали предвремените избори ќе ја пролонгираат изградбата на новиот Клинички Центар или Владата ќе го исполни ветувањето до Нова година да ги удри темелите на комплексот во Ѓорче Петров. Министерот за здравство се надева дека до крајот на годината ќе заврши целата постапка, во спротивно и техничката Владата после 3 јануари можела тоа да го формализира.

-Сметам дека можеме да завршиме со целокупната постапка до крајот на годината. Но постои можност и техничката Влада сето тоа да го формализира доколку процесот не заврши до крајот на годината, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Две компании Германска и Француска се во трка да добијат половина милијарда евра за изградбата на новиот Клинички. Во тек е втората фаза наречена конкурентен дијалог. Која од двете фирма ќе го гради ќе се знае кога ќе заврши тендерот кој допрва треба да се распише.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ се сомнева дека во медицинскиот комплекс има огромен криминал.

-Она што го гледаме во целиот овој период за изградбата на Клиничкиот и те како фрла сомнеж за огромен криминал во кој директно се поврзани Заев и филипче, изјави Игор Јанушев, генерален секретар во ВМРО ДПМНЕ.

Филипче пак тврди дека се е чисто. Повторно ја повика опозицијата да учествува во постапката за изградба на новиот Клинички.

-Се е јавно и транспарентно и може да се проверува. Тие треба да одговорат зосто за претходниот клинички потпишале договор со фирма која е пред банкрот. А требаше да добие 100 милиони евра за т.н Клинички, праша Филипче.

За 10 години ова е трет обид за изградба на нов Клинички Центар. Бујар Османи најавуваше комплекс во Бардовци, Никола Тодоров потпиша договор за објект на сегашната локација, а Венко Филипче го одбра местото Веле Поле во Ѓорче Петров.